Македонија

Престрелка во Чаир: Еден убиен, двајца ранети, четворица уапсени

11.02.2025 14:50

Еден убиен, двајца ранети, четворица уапсени – престрелка во скопски Чаир. Жртвата млад човек, син на поранешен функционер на ДУИ…

Еден убиен и двајца ранети во вооружена престрелка што синоќа се случи на потегот меѓу Бутел и Чаир.

На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ биле донесени двајца 35-годишни мажи со прострелни рани. Едниот не давал без знаци на живот, другиот имал две прострелни рани и по интервенцијата е во стабилна состојба. Во Клиничкиот центар, пак, со прострелни рани бил пренесен 22-годишник.

Во престрелката е убиен Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку, поранешен функционер на ДУИ и поранешен директор на Државната техничка инспекција, а сега вработен во Општина Чаир.

Полицијата привела четворица – еден е уапсен во болница, ранетиот 22-годишник подоцна бил приведен во Чаир. Уапсени се и 41-годишник и еден 28-годишник. Сите уапсени се задржани во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Јавен обвинител изврши увид на местото на престрелката во која учествувале повеќе лица. Земени се докази и видеоснимки. Телото на убиениот е предадено на обдукција.

Ирина Гелевска