Политика

Можна средба Муцунски – Георгиев на маргините на Безбедносната конференција во Минхен

11.02.2025 14:21

Премиерот Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14-ти февруари.

Не, немаме остварено контакти со новата бугарска Влада. Очекувам сега на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската Влада, но се уште нема потврда за такво нешто. Доколку се случи, се разбира, јавноста ќе биде информирана, изјави Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада за одблокирање на евроинтегративниот пат на државава.