Инвестиции во енергетиката

ЕСМ наскоро со два нови капацитета за производство на обновлива енергија

11.02.2025 16:53

ЕСМ и германската развојна банка потпишаа договор за кредит. Со 55 милиони евра ќе се градат фотоволтаична централа во Битола и втората фаза од ветерниот парк Богданци. Треба да овозможат добивање зелена енергија и помало загадување…

Државните електрани добија 55 милиони евра кредит од германската развојна банка за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и доградба на ветерниот парк „Богданци“. Проектот треба да придонесе за добивање почиста енергија за потребите на земјава.

Вложувањата во енергетиката се од капитално значење и приоритет за државата за да ја зголемиме енергетската независност, рече премиерот Мицкоски по потпишувањето на договорот. Се очекува двата проекта да бидат готови за две години.

Фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ се очекува да произведува од 80 до 90 гигавати струја годишно за 20.000 домаќинства.

Ветерниот парк „Богданци“ по две години ќе донесе бруто годишен приход од околу 3,3 милиони евра.

Борис Грујоски