Меѓународен ден на девојките и жените во науката
Македонија се вбројува меѓу првите три земји во Европа по застапеност на жени во науката, покажуваат статистиките. Дури 60 проценти жени се доктори по науки во рамките на УКЛО Битола и сите се вработени. Една деценија во светски рамки се одбележува 11 февруари, денот посветен на жени во науката, а за првпат од страна на Македонското научно друштво-Битола.

Македонското научно друштво, Битола е најстарото во Македонија. Од почетокот до денес имало дури 17 претседатели, а во 2020 е избрана првата жена за претседател,.
Кај нас малубројни се жените кои истражуваат на полето на техничките и на природните науки. А за успех, потребен е континуитет, но и голема семејна поддршка, вели проф. д-р Буневска-Талевска, научен кадар на Техничкиот факултет.
Анализите кажуваат дека Македонија е меѓу првите земји во Европа по застапеност на жени во науката, појаснува проф. д-р Неделковски, ректор на УКЛО.
Според проф. др. Андоновска Трајковска, претседател на МНД Битола за реалното местото на жената во науката освен процентуална бројка, значајни се и други факти.
Има и невработени жени научници, членови на најстарото научно друштво во земјава кое некогаш го сочинувале 98 проценти мажи, а денеска бројката родово скоро се изедначува.
Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска
