Нова катна гаража во Скопје

02.08.2014 17:06

Главниот град доби трета катна гаража, на 10 нивоа со 512 места за паркирање. Со пуштањето во употреба на новата катна гаража „Разловечко Востание“, трета по ред, ќе се намали проблемот со недоволно места за паркирање во центарот на Скопје.

Со изградбата на катни гаражи, улици и булевари, Скопје се трансформира во модерен и функционален град, кој ќе може да одговори на потребите на своите жители и на сите посетители и туристи, изјави претседателот на владата на РМ, Никола Груевски на отворањето на гаражата.

Гаражата ќе биде под 24-часовен надзор со 48 камери. За само 30 денари од час, корисниците ќе можат да добијат и услуга за паркирање во гаражата од вработените.

Ирина Гелевска