Владата донесе одлука за ограничување на маржите на 10 проценти
Ограничување на маржата на основните прехранбени производи, средствата хигиена и бебешки производи. Маркетите јавно да ги објавуваат цените. По поплаките од граѓаните, засилуваат активностите за ставање ред во трговијата. Извештајот на пазарниот инспекторат денеска се разгледуваше на владина седница...

Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи, средствата за лична хигиена и производите кај кои има најголемо зголемување на цените.
Владата со предлог и до трговците јавно да ги објават цените, за да има поголема транспарентност и граѓаните да одлучат во кој маркет ќе пазарат, вели портпаролката Митева. Мерката доаѓаат како резултат на извештајот од извршените контроли на Државниот пазарен инспекторат.
Дополнително ќе се утврдува дали ќе се прави Велигденска и Рамазанска кошничка. Министерството за економија е задолжено заедно со другите надлежни институции да одржат итен состанок за да се разгледаат и други долгорочни мерки со кои би се решила состојбата со растот на цените.
До петок контроли ќе има и кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо.
Викторија Милевска
