Временска прогноза

Наутро студено, преку денот облачно

12.02.2025 07:55

Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег...

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.