Македонија
Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски
12.02.2025 08:11
Како причина ја наведоа разорачаноста од постапувањето надвор од законските надлежности, нарушената доверба и нефункционирањето на правната држава.

Владата го задолжи Mинистерството за правда да преземе активности за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Како причина ја наведоа разорачаноста од постапувањето надвор од законските надлежности, нарушената доверба и нефункционирањето на правната држава.
Како аргумент, Владата го наведе и последниот извештај на „Транспаренси“, како и именувањето нов шеф на Вишото скопско обвинителство, за кое сметаат дека е незаконско.
