Нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ
Европската комисија во однос на безбедноста на храната во својот извештај за 2024 година, наведува дека се донесени измени на законот во оваа сфера. Изготвен е и нов закон за службени контроли, но допрва треба да се донесе националниот систем кога е потребно брзото предупредување во случаите кога се работи за храна и за добиточна храна…

Допрва треба да се донесе нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ, и за контролата на болести. Агенцијата за храна и ветеринарство предвидува редовно ажурирање на мерките за заштита при увоз и на барањата за увоз на живи животни и производи од животинско потекло.
Агенцијата има програма за надзор за разни болести, кои треба да се усогласат со европските закони. Собирањето, проверката и анализата на податоците остануваат недоволни, а немаше ни кампањи за вакцинација против беснилото есента 23 и пролетта 2024 година.
Бројот собрани примероци за следење на оваа болест е недоволен за нејзино откривање.
Во однос на правилата за безбедност на храната, изготвени се под законски акти за додавање витамини и минерали и одредени супстанции во прехранбените производи.
Агенцијата продолжи да спроведува програма за следење на безбедноста на храната, но податоците дополнително ќе се анализираат.
Методија Трајков
