БЛИСКИ ИСТОК

Трамп го обнови повикот Газа да биде испразнета од сите жители

12.02.2025 08:39

Шефот на Белата куќа на состанокот со јорданскиот крал Абдула, ја повтори идејата Каиро и Аман да прифатат што повеќе палестински бегалци...

Претседателот Трамп го обнови повикот Газа да биде испразнета од сите жители, контролирана од САД и повторно развиена како туристичка област. Шефот на Белата куќа на состанокот со јорданскиот крал Абдула, ја повтори идејата Каиро и Аман да прифатат што повеќе палестински бегалци. Јорданскиот крал рече дека ќе има одговори од повеќе земји на планот на Трамп и дека е неопходно да се почека одговорот на Египет.

„Ние нема да купуваме ништо. Ќе ја добиеме и ќе ја задржиме. И ќе се увериме дека ќе има мир и нема да има никаков проблем и никој нема да го доведува во прашање, и ќе го водиме многу правилно. И на крајот ќе имаме економски развој во многу големи размери, можеби најголеми размери на таа локација. И ќе имаме многу добри работи изградени таму, вклучувајќи хотели и деловни згради и станови и други работи“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека прекинот на огнот во Газа ќе заврши доколку Хамас не ги ослободи заложниците како што е планирано.

„Во светло на најавата на Хамас за одлуката да го прекрши договорот и да не ги ослободи нашите заложници, и наредив на израелската одбрана да екипира сили внатре и околу Појасот Газа. Оваа операција се спроведува во овој момент. Таа ќе биде завршена во многу блиска иднина“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

САД, Египет и Катар сè уште се обидуваат да постигнат договор за втората фаза од примирјето, но можноста за нов бран на насилство расте. Американскиот претседател Трамп предложи прекин на повеќефазниот договор, повикувајќи на ултиматум до Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници.