Хегсет: Европа мора да инвестира повеќе во одбраната
Американскиот претседател Трамп сака земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, наведувајќи ја целта од пет проценти од БДП...

Европа мора да инвестира повеќе во одбраната, изјави американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет во Штутгарт, за време на првото патување по преземањето на функцијата. Американскиот претседател Трамп сака земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, наведувајќи ја целта од пет проценти од БДП. Во Европа постои консензус за потребата од зголемување на воените трошоци, но прагот од пет проценти се смета за нереален.
„Европскиот континент заслужува да биде безбеден од каква било агресија, но соседните земји треба најмногу да инвестираат во индивидуална и колективна одбрана. Здравиот разум налага да го браните вашето соседство, а Американците ќе ви се придружат да ви помогнат во таа одбрана“, изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.
Американскиот министер повтори дека Трамп сака да склучи брз мировен договор во Украина, а САД нема да испраќаат свои сили во земјата.
