Економија

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија

12.02.2025 08:48

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД...

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во земјава, на кој ќе се дискутира и за улогата на високото образование во обликувањето на иднината во оваа област ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.