трговија

Светот против одлуката на САД за царини

12.02.2025 08:52

Реакцијата од Брисел следува по изјавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за челик и алуминиум од 25 проценти. Новите тарифи ги отфрли и секретарот за економија на Мексико...

ЕУ предупреди дека американските царини за алуминиум и челик нема да останат без одговор и ќе предизвикаат остри контрамерки. Реакцијата од Брисел следува по изјавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за челик и алуминиум од 25 проценти. Новите тарифи ги отфрли и секретарот за економија на Мексико.

Премиерот на Канада Трудо изјави дека ќе застанат против царините одлучно. Тој нагласи дека двете земји треба да прават повеќе заедно, а не да се борат една со друга и дека царините се неоправдани за најблискиот сојузник на Америка. Трамп воведе слични тарифи во неговото прво претседателство, но потегот ги наруши односите со клучните сојузници на САД и ги зголеми трошоците за производителите кои купуваат челик и алуминиум.

Предвидено е новите наредбите да стапат на сила во март.