Украина

Еден загинат и најмалку тројца повредени во руски напад врз Киев

12.02.2025 09:08

Продолжуваат битките на фронтот во Украина. Во руски ракетен напад врз Киев загина едно лице, а најмалку тројца се повредени...

Продолжуваат битките на фронтот во Украина. Во руски ракетен напад врз Киев загина едно лице, а најмалку тројца се повредени. Зеленски ја нагласи важноста од понатамошен развој на украинските системи за воздушна одбрана, особено преку соработка со меѓународните партнери, и потенцијални нови договори за напредно оружје и опрема.

„Ќе продолжиме да разговараме со нашите партнери следната недела за подобрување на нашите капацитети за воздушна одбрана. Секоја можност што постои во светот, секој потенцијален договор што може да ја зајакне Украина – обрнуваме внимание на сето тоа и работиме што е можно побрзо“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до 50.000 евра, соопшти кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.