Дојран: Малото рибарско градче станува атрактивна туристичка локација
Пуштена во употреба новата градска плажа во Дојран, за која Владата инвестира милион евра. Малото рибарско градче постојано ги надополнува содржините за попријатен престој, а туристите знаат тоа да го наградат. Ги има се повеќе...

Над 500 лежалки на 500 метри долгиот песочен простор, модерни пунктови за рекреација, детски игралишта, платформа над вода, спортски терени, соблекувални, спасувачи. Во екот на туристичката сезона Дојран со нови содржини за поголем број туристи. Оние кои Илинден го поминаа тука задоволни од новиот лик на плажата.
„Убаво, сменето од лани подобро“.
„Многу подобро од лани, многу подобро, поубаво, посредено, супер, на сите би им препорачал да дојдат тука“, вели турист.
„Многу убаво, феноменално. Дојран оваа година е супер. Направено е со се кафулиња, плажата е феноменална“, вели друг турист.
Милион евра одвои министерството за транспорт и врски за уредување на градската и плажата Карач во должина од 100 метри што ќе почне да се гради веќе од понеделник.
Празнично полниот Дојран треба да е слика што ќе се повторува до крајот на сезоната. Овде се надеваат дека ке биде срушен ланскиот рекорд.
Локалните власти очекуцваат да го надминат ланскиот рекорд од над 120 илјади ноќевања.
Наредната година ќе биде готов и првиот забавен парк над вода, а ќе се работи и на нови простори за одмор на туристите.
„Со уште неколкуте за надедната година, се очекува од идната сезона Дојран да се надополнува со содржини, да се прошируваат плаѓите и да имаме едно сосема друго ниво на туризам“, вели Борче Стамов- градоначалник на Дојран.
Привршува изградбата и на велосипедската и пешачката патека која ги поврзува Стар и Нов Дојран.
Катерина Давчева
