Грција

Пет нови земјотреси на Санторини

12.02.2025 10:38

Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“...

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.

Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3 часот и 35 минути до 4 часот и 23 минути .

Во 6 часот и 21 минута е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.

Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.