мвр

Претрес во Скопје, пронајдено околу еден килограм дрога

12.02.2025 11:23

Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага...

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.

Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.