Акција на МВР и Царината
На ГП Богородица откриена поголема количина дрога во камион
12.02.2025 11:54
Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.

Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Како што пренесуваат повеќе медиуми, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.
Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.
Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега не откриваат детали, но најавуваат повеќе информации во текот на денот.
