Дурант осми играч во историјата на НБА кој достигнал 30.000 поени

12.02.2025 13:28

Дурант сега има точно 30 илјади поени. Рекордер во лигата по ефикасност е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс...

Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 30.000 поени во најсилната кошаркарска лига на светот. Триесет и шестгодишниот Американец постигна 34 поени во поразот 112:119 против Мемфис.

Дурант сега има точно 30 илјади поени. Рекордер во лигата по ефикасност е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (41.623 поени). Шест други играчи исто така го имаат повеќе од 30.000 поени: Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.