Македонија
Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева
12.02.2025 13:43
На претходното рочиште Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева...

Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.
На претходното рочиште Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство.
Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што рекоа, убиството го извршил при семејно насилство, односно фемицид.
