Грција

Земјотресите на Санторини сè појаки и позачестени

12.02.2025 20:26

Сеизмолозите тврдат дека земјотресите немаат никаква врска со вулканските потреси и сметаат дека силните земјотреси ќе продолжат уште неколку недели.

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта. Најсилниот со јачина од пет степени по Рихтер се случи на 24 километри југоисточно од Аморгос.

Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина. Жителите со денови живеат во страв.

Сеизмолозите тврдат дека земјотресите немаат никаква врска со вулканските потреси и сметаат дека силните земјотреси ќе продолжат уште неколку недели.

Досега Санторини го напуштија повеќе од 12.000 луѓе.