Економија

Недостигот на квалификувана работна сила, главоболка за странските компании

12.02.2025 15:40

Во Стопанската комора презентација на резултатите од анкетите на странските директни инвестиции во 2024 година. Недостигот од квалификувани работници, особено инженери, се најголема главоболка за големите странски компании. Анализата покажала и дека 91% од компаниите се задоволни од вработените, што е далеку подобро од другите земји во регионот…

Недостигот од квалификувани работници, особено инженери, се најголема главоболка за големите странски компании што работат во Македонија. Според најновото истражување, 53% од луѓето заминуваат откако ќе се вработат, а 47% од невработените не сакаат да работат во индустријата.

Сепак, анализата покажала и дека 91% од компаниите се задоволни од вработените, што е далеку подобро од другите земји во регионот.

Во однос на најавените царини од 25% на увозот на челик и алуминиум, најавена од американскиот претседател Доналд Трамп, бизнисмените, велат дека тие уште од 2018 година ја имаат оваа царина, но лошо ќе биде ако ЕУ возврати со контрамерки.

Компаниите што учествувале во истражувањето вработуваат над 40.000 работници. Досега вложиле 4 милијарди евра, а само лани инвестирале над 270 милиони евра. 93% од нив се извозно ориентирани.

Од државата како поддршка бараат јавен превоз за работниците, системи за логистика, детски градинки, банки во близина.

Борис Грујоски