Судство

Доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева

12.02.2025 16:22

Штипскиот суд изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов, кој на почетокот на ноември, лани, ја уби 29-годишната Емилија Пешева со која бил во вонбрачна врска. Тој го призна делото. Причина била неверство …

Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка.

Болката е голема, загубата ненадоместлива, но пресудата е праведна, вели таткото на Емилија.

Мајката Џемиле вели дека пријавувале повеќе пати насилство од страна на Зејнелов, но институциите не реагирале соодветно.

Максималната казана е соодветна за делото, вели адвокатот на родителите.

Доживотна затворска казна за сторителот побараа и обвинителот и семејството Пешеви заради свирепоста, која кулминираше на 1-ви ноември минатата година.

 

Славица Величковска