Локална самоуправа

Втор повик за финансиска поддршка на општините

12.02.2025 16:11

Локалните власти сега имаат рок до 30-ти април, односно повеќе од два месеца, за да ја подготват и поднесат потребната документација. На повикот може да учествуваат и општините чиишто проекти претходно беа одбиени...

Од денеска сите општини ќе може да аплицираат на вториот повик за финансирање на проекти, вреден 15 милјарди денари, пари обезбедени од унгарскиот заем. За разлика од првиот, локалните власти сега имаат рок до 30-ти април, односно повеќе од два месеца, за да ја подготват и поднесат потребната документација. На повикот може да учествуваат и општините чиишто проекти претходно беа одбиени, но потребно е да исполнат два критериума.

Кој ќе добие пари за реализација на проекти ќе реши координативното тело формирано од Владата. И овојпат се очекува голем интерес, бидејќи на првиот повик пристигнаа повеќе од 300 проекти. Најголем дел од нив за подобрување на патната инфраструктура.

Министерот за локална самоуправа во оваа мерка не гледа предизборен поткуп, бидејќи според него, на двата повика може да аплицираат и да добијат средства сите градоначалници, без разлика од која партија доаѓаат.

Викторија Милевска