Судски совет

Дел од членовите на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација писмено ќе се произнесат во законскиот рок

12.02.2025 15:18

Весна Дамева и Тања Чачарова-Илиевска, членови на Судскиот совет, за кои владејачкото мнозинство поднесе интерпелации во Собранието изјавија дека ги анализираат документите и во рок од 10 дена ќе се произнесат.

Весна Дамева вели, кога ќе го изгради својот став јавноста ќе го знае одговорот.

Членот на Советот, Илиевска, посочи дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Советот е колективно тело кое носи одлуки со мнозинство гласови.

Освен за Дамева и Чачарова-Илиевска, владејачкото мнозинство поднесе интерпелации за изгласување недоверба и за Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Судскиот совет, според Уставот, има 15 членови, од кои осуммина ги гласа судството на непосредни избори, петмина ги избира законодавниот дом, а двајцата членови по службена должност се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.

Игор Панов