Образование

Министерката Јаневска ќе се обрати на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“

13.02.2025 08:50

Со проектот ќе бидат опфатени сите основни училишта од општина Кисела Вода, а учениците ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини од СТЕМ науките...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на официјалното отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во просториите на Титан-Усје.

Со проектот ќе бидат опфатени сите основни училишта од општина Кисела Вода, а учениците ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини од СТЕМ науките.