Уште една жена претседател во Јужна Америка
Киев
Продолжуваат масовните демонстрации во Украина. Студеното време не ги спречи илјадниците демонстранти и оваа ноќ да ја минат на Плоштадот на независноста во Киев. Владата најави дека ќе се фокусира на Русија, откако Европската унија го суспендирше договорот за асоцијација. Претседателот Јанукович задутре заминува за Москва да разговара за царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан. Опозицијата најави масовни протести.
Чиле

Мишел Бачелет, кандидат на левицата е новиот претседател на Чиле. Според Државната изборна комисија, Бачелет освоила 60 насто од гласовите додека нејзината противкандидатка Евелин Матеј, од конзервативната партија 40. Ова се први претседателски избори на кои две жени беа во трка за функцијата шеф на државата. Башелет ја извршуваше претседателската функција од 2006 до 2010 година како прва жена претседател на земјата.
Филипини
Најмалку 21 лице загинаа, а дваесетина се повредени во сообраќајна несреќа во Манила, Филипини. До несреќата дошло откако автобус кој се движел по надвозник изгубил контрола и паднал врз комби. Се уште се утврдуваат причините за несреќата, но како можна причина се посочува влажниот коловоз.
Сицилија
Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија. Вулканот исфрла облаци од пепел и лава високи по неколку метра. Поради ерупцијата на аеродромот во Катанија се откажани над 20 лета и се пренасочени на други аеродроми.
САД
Снежно невреме во САД. Снегот предизвика хаос во сообраќајот, откажани се над 1.000 лета во Чикаго, Вашингтон, Њујорк и во Џу Џерси. Одредени области се без електрична енергија. Според метеоролозите, невремето ќе продолжи и во наредните денови.
Марија Петковска