Семакедонска средба во Трново

02.08.2014 18:51

Подпелистерското село Трново овој Илинден ги собра иселениците и протераните од Егејскиот дел на Македонија на заедничка средба. Вака сплотени, здруженијата ќе можат посилно да се борат за децениските неправди од минатото...

Масовно и обединети како никогаш досега иселениците и протераните Македонци од Егејот на старото место на плачот отворија ново поглавје.

За прв пат сплотени се собраа за да ја испратат пораката дека борбата за надминување на историските неправди не згаснува.

„Оваа единствена средба ја баравме одамна и ова обединување е многу важно затоа што само така можеме да водиме единствена борба која ке донесе успех“, вели Андон Шекревски кој живее во селото Овчаране во Грција.

„Оваа среба не е само тука да играме и пееме туку да осознаеме зошто се организира а пораките да се шират“, вели иселеникот од пелагониското село Агларци, Цветан Митровски.

Не протераа низ целит свет но во душата останавме со родната Македонија. Затоа денес порачуваме- Македонија е наша а искривените историски факти и неправди мора да се исправат.

„Отфрламе секакво заедничко Македонско-Бугарско чествување на значајни личности и настани“, порача првиот човек на Матицата на иселениците, Иван Џо Петревски.

„Верувам дека еден ден ке си ги вратиме имотите, државјанството и нашите слободи и права“, порача претседателот на здружението „Македон“, Ташко Ѓоргиевски.

„Дека ке го промениме името на дежавата а со тоа не и идентитетот е чиста лага“, рече преседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Освен економски просперитет заложбите на владата се влез во Нато и ЕУ но за жал тоа во континуитет е попречувано од наметнатиот проблем на нашиот јужен сосед.

„Во рамките на меѓународното право Владата води грижа за положбата и правата на македонците што живеат низ светот. Потврда за тоа е и резулуцијата за бегалците од воените дејствиа во Грција за време на втората светска војна“, рече министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

И овој настан беше подржан од локалната самоуправа која уште еднаш докажа дека знае да ги вреднова големите историски настани.

 

Стевче Митревки