Македонија

Штрајк на вработените во „Царински терминал“ во Прилеп

13.02.2025 13:36

За три месеци, вработените во прилепскиот „Царински терминал“, денеска повторно штрајкуваа. Си ги бараат платите за шест месеци...

Осуммина вработени во прилепскиот „Царински терминал“ излегоа на протест барајќи си ги платите за шест месеци. Ова е нивни втор протест за три месеци. Состојбите, велат, не се промениле. Ја имаат поддршката од Синдикалната организација.

Од прилепски „Комуналец“ под чии ингеренции е Терминалот, велат дека вработените во текот на вчерашниот ден добиле една плата, но сепак го најавиле и го закажале штрајкот. Настојуваат да најдат решение.

Речиси сите вработени се пред пензионирање и стравуваат за пензијата.

 

Елизабета Митреска