Франција

Десетина повредени во експлозија во францускиот град Гренобл

13.02.2025 12:13

Над 10 лица се повредени откако маж фрлил рачна граната во францускиот град Гренобл. Двајца се во тешка состојба...

Над 10 лица се повредени откако маж фрлил рачна граната во францускиот град Гренобл. Двајца се во тешка состојба. Напаѓачот избегал.

Според информациите, тој бил вооружен со автоматска пушка калашников. Според првичната проценка, штетата е предизвикана од експлозијата на граната.

Меѓу верзиите што се истражуваат е и трговија со дрога, но не е исклучен ниту терористички напад.