Филипче: Пакет мерки во интерес на граѓаните
Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети...

Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети. Од партијата најавија седум предлог-мерки.
Предлагаме намалување на ДДВ на струја од 18 на 5 проценти, намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, замрзнување на цените на основните прехранбени производи во следните три месеци, фиксирање на маржите на основните прехранбени производи, итно имплементирање на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонеси, изјави лидерот на СДСМ, Филипче.
Денеска, Владата на итна седница се очекува да ја разгледа Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија за ограничување на маржите.
Лидерот на СДСМ брифираше и на неколку други теми.
Известува Миле А. Ристески
