Ограничување на маржите

Комората на трговци бара итна средба со Владата

13.02.2025 13:07

Стопанската комора на трговци бара итна средба со владата во врска со одлуката за ограничување на маржите...

Стопанската комора на трговци бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Според нив одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците. Како што велат, тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Премиерот вчера најави итна седница на која се очекува да се донесе одлука за замрзнување на маржите на околу 100 групи производи.

Известува Борис Грујоски.