Сообраќајот се одвива без забрани и по чисти коловози

03.08.2014 09:50

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви и чисти коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
 
АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
 
На граничниот премин Богородица времето на задржување е 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.