СДСМ презентираше мерки за подобрување на стандардот на граѓаните
Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети. Од партијата најавија седум предлог-мерки.

Лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче презентираше мерки за подобрување на стандардот на граѓаните. Од намалување на ДДВ до поголеми плати во приватниот сектор. Се предлага:
Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%,
Намалување на ДДВ за основните прехранбени производи,
Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци,
Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи,
Спроведување на Законот за нефер трговски практики,
Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили,
Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.
Најавите за смена на јавниот обвинител и на членовите на Судскиот совет, според Филипче не се реформи туку партизација на правосудството. Смета дека треба да се следи европскиот патоказ кој предвидува носење закони токму за реформирано судство.
Од друга страна, пак, вели дека државата е заглавена во евроинтеграциите и дека Владата дури го заострила и тонот со соседите.
Миле А. Ристески
