ГЕРМАНИЈА

Автомобил влета во толпа во Минхен, има повредени

13.02.2025 12:31

Инцидентот се случил за време на демонстрациите на синдикатот Верди на Дахауер Штрасе, најголемата улица во Минхен...

Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во група луѓе, при што имало неколку повредени.

Локалните медиуми соопштија дека возачот на возилото е приведен. Инцидентот се случил за време на демонстрациите на синдикатот Верди на Дахауер Штрасе, најголемата улица во Минхен.

На местото на настанот се силни полициски сили и возила на брза помош за да им укажат прва помош на повредените. Во тек е истрага за инцидентот.