Образование

Јаневска: Од септември гимназијалците од прва година ќе учат по нова наставна програма

13.02.2025 15:01

Во тек е јавната дебата за изработката на новата концепција за средно образование. Пристигнале голем број на предлози и барања до бирото за развој на образованието, најголем дел се за зголемување на бројот на часови, вели министерката Весна Јаневска. Основците од општина Кисела Вода добија „Иноваториум, клуб на напредни знаења и вештини“...

Од септември гимназијалците од прва година ќе учат по нова наставна програма, ќе добијат и нови учебници,  вели министерката Весна Јаневска.

Во тек е и јавната дебата за изработката на новата концепција за средно образование. Пристигнале голем број на предлози и барања до бирото за развој на образованието, најголем дел се за зголемување на бројот на часови. Доколку се прифатат сите предлози на стручната јавност, учениците ќе треба да остануваат на училиште повеќе од 10 часа што е невозможно, вели Јаневска. 

За зголемување на бројот часови преку вонучилишни активности, основците од општина Кисела Вода добија „Иноваториум,  клуб на напредни знаења и вештини“, кој може да го посетуваат и во текот на викендот.

Јаневска информираше дека во 141 училиште е воведена едносменска настава. Се прават напори и паралелките кои имаат по само пет ученици да бидат преместени во централните училишта. За таа цел министерството планира доградба и исзградба на нови училишта.

 

Викторија Милевска