Македонија

Две лица приведени за марихуаната што се заплени на „Богородица“

13.02.2025 15:03

Две лица се приведени под сомневање дека се вклучени во меѓународниот канал за шверц на дрога откако на ГП „Богородица“ беа откриени и запленети 188,6 килограми марихуана. Дрогата на црниот пазар вреди околу 707.000 евра, а истрагата ќе утврди дали има вмешаност и на други лица…

Силно ќе работиме на сузбивање на криминалот и обидите за шверцување дрога во земјава. Вака кажаа директорите на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност откако вработени во овие две институции на ГП Богородица запленија 188,6 килограми марихуана.

Истрагата треба да утврди дали има други луѓе вмешани во меѓународниот канал за шверц на дрога и од каде е потеклото на марихуаната запленета на „Богородица“.

Царинската управа и МВР најавија дека заеднички и во иднина ќе работат на сузбивање на канали на наркотична дрога, за што лани во ноември потпишаа меморандум за соработка.

Ване Трајков