Финансиска поддршка

Трипуновски најави зголемени субвенции за сточарите

13.02.2025 16:25

Сточарите со зголемувањето на субвенциите гледаат можност за поголем сточен фонд, но и желба на младите за сточарство...

Се зголемуваат субвенциите во сточарството во делот за крави, овци или кози, а се зголемува и во делот на млеко продукцијата – министерот Трипуновски на средба со сточарите од пелагонискиот регион. Ги демантираше информациите за намалени субвенции. Разговарале и за земјишната политика која е во функција на производството на храна.

Сточарите со зголемувањето на субвенциите гледаат можност за поголем сточен фонд, но и мотив на младите да се занимаваат со сточарство.

Субвенциите ќе бидат зголемени и тоа 3 илјади денари по оставено женско грло теле.

Од понеделник стартуваат Инфо деновите за можностите кои ги нуди ИПАРД програмата.

Утре е „Свети Трифун“. А на денот на лозарите министерот најави исплата на субвенциите за предаденото грозје на откупувачите.

 

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска