Енергетика

Средба Божиновска – ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, јавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

13.02.2025 17:33

Министерката Божиновска, оствари средба со Управниот одбор на ЗЕЛС, каде што главна тема беа високите трошоци за електрична енергија со кои се соочуваат јавните претпријатија, училиштата, општините и уличното осветлување...

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари средба со Управниот одбор на ЗЕЛС, каде што главна тема беа високите трошоци за електрична енергија со кои се соочуваат јавните претпријатија, училиштата, општините и уличното осветлување. Се разгледуваа неколку можни решенија и мерки што ќе придонесат за намалување на трошоците за електрична енергија на јавните институции.