Временска прогноза

Умерено до значително облачно, во западните делови локален слаб дожд

14.02.2025 07:57

Од пладневните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален слаб дожд, на повисоките планини од слаб снег...

Умерено до значително облачно време. Од пладневните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален слаб дожд, на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.