ГЕРМАНИЈА

Безбедносната конференција во Минхен, во фокусот руско-украинскиот спор, НАТО и ЕУ

14.02.2025 08:18

Во фокусот, украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со Европската унија...

Во Минхен во наредните три дена ќе се одржи безбедносната конференција, на која ќе учествуваат политички лидери од светот. Во фокусот, украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со Европската унија. Ќе учествуваат и премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски.

Неизвесно е дали Муцунски ќе има средба и со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев. По формирањето на новата влада минатиот месец, Македонија и Бугарија немаат остварено комуникација. Македонија се надева на деблокирање на процесот, Бугарија пак останува на позицијата за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот устав, како услов за почеток на преговорите.