Намалени цените на буковото огревно дрво за 10 и 15 отсто

03.08.2014 13:07

ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.
 
Ваквата одлука ќе важи до 30 септември годинава, а е донесена, како што соопшти претпријатието, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории.
 
Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2133,60 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2015,03 денари.
 
Овие цени важат за купување во складовите на ЈП„Македонски шуми“.