Иднината на Украина-тема на маргините на Минхенската безбедносна конференција
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Кит Келог најверојатно ќе го претстави планот на администрацијата за ставање крај на војната. Најавени средби на високи функционери од Вашингтон, Киев и Москва.

Иднината на Украина, тема на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Кит Келог најверојатно ќе го претстави планот на администрацијата за ставање крај на војната. Најавени средби на високи функционери од Вашингтон, Киев и Москва.
„Мислам дека кога ќе ја погледнете Украина и кога ќе го погледнете нередот во кој тие се, мора да се стави крај и да се запре. Русија зазеде прилично голем дел од територијата. И тие исто така од првиот ден, долго пред претседателот Путин, рекоа дека не може Украина да биде во НАТО. Сега, ако може да се преговара за подобар договор, тоа е во ред со мене. Сакам ова крвопролевање да престане. Но, што се однесува до преговорите, рано е да се каже што ќе се случи. Можеби Русија ќе се откаже од многу. Можеби нема“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Шефот на Белата Куќа смета дека Москва треба да се врати во Г-7. Штом војните во Украина и Газа ќе се смират, Трамп сака да се сретне со лидерите на Русија и на Кина за драстично намалување на трошоците за одбрана.
Во Кремљ очекуваат нови телефонски разговори меѓу Путин и Трамп, пред нивната средба.
