НАТО

Хегсет: Европските лидери мора да ја преземат примарната одговорност за одбраната на континентот

14.02.2025 08:54

Во Брисел, на крајот од состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО, Хегсет предупреди да не се третира Америка како наивна.

САД се посветени на зајакнување на НАТО, но европските лидери мора да ја преземат примарната одговорност за одбраната на континентот, изјави секретарот за одбрана на САД, Хегсет.

„НАТО е голема алијанса. Најуспешниот одбранбен сојуз во историјата. Но, за да се издржи во иднина, нашите партнери мора да направат многу повеќе за одбраната на Европа. Тоа почнува со одбранбени трошоци, но мора да вклучи и заживување на трансатлантската одбранбена индустриска база, брзо развивање технологии, давајќи приоритет на подготвеноста и смртноста“, изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.

Во Брисел, на крајот од состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО, Хегсет предупреди да не се третира Америка како наивна.