БЛИСКИ ИСТОК

Воздушни напади во јужен Либан врз објекти на Хезболах

14.02.2025 09:26

Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот, велат од Обединетите Нации и бараат пристап до опустошената палестинска територија.

Израелската одбрана потврди дека извршиле воздушни напади во јужен Либан врз објекти на Хезболах. Според Тел Авив, локациите претставувале директна закана. Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот, велат од Обединетите Нации и бараат пристап до опустошената палестинска територија.

„Примирјето го понуди многу потребниот одмор, но едноставно нема време за губење. Ние сме подготвени да го поддржиме спроведувањето на договорот за прекин на огнот и да ја зголемиме испораката на одржлива хуманитарна помош. Го повторуваме повикот за траен прекин на огнот и ослободување на сите заложници без одлагање“, изјави Хорхе Мореира, извршен директор на Канцеларијата на ООН за проектни услуги.

Хамас соопшти дека сепак ќе ги ослободи следните тројца израелски заложници како што е планирано викендов, во замена за палестинските затвореници.

Израел со поддршка на американскиот претседател, соопшти дека ќе продолжи со борбите, доколку заложниците не бидат ослободени.