СУБВЕНЦИИ

Финансиска поддршка за одгледување добиток

14.02.2025 08:49

Сточарите и годинава ќе добијат државна финансиска помош. Најголем дел од парите се наменети за одржување на бројноста на стадата. Субвенција за кравјото млеко е 6, а за овчото и козјото 7 денари за литар произведено и предадено на регистриран откупувач.

Корисници на средствата се стопанствата кои стадото ги имаат обележано и евидентирано во Регистар и го чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година.

Сточарите имаат право и на субвенции за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци.

Висината на директни плаќања изнесува по 3.000 денари а треба да се чуваат најмалку до 30 ноември оваа година.

Дополнително по 6 000 денари за животно ќе добиваат сточари кои го предале производството на месо и млеко во регистрирани преработувачки капацитети.

За оние кои ќе го зголемат стадото ќе им се исплаќа поголема субвенција од 30 проценти за оставените или купените грла.

За предаденото млеко од јануари до декември 2025, се добиваат по 6 за кравјо и 7 денари за литар овчо и козјо млеко.

Минималната прифатлива количина млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство.

 

Методија Трајков