Трамп го обелодени планот за воведување реципрочни тарифи
Последната рунда тарифи на републиканскиот претседател ги засили стравувањата од глобална трговска војна. Најавени се царини за увозот на челик и алуминиум од 12 март и царини од 10 насто за стоки од Кина.

Американскиот претседател го обелодени планот за воведување реципрочни тарифи за секоја земја што воведува царини за увоз од САД. Од Белата куќа со став, реципрочните царини ќе ја зајакнат економската и националната безбедност на САД.
Трамп на средбата со индискиот премиер Моди ја поздрави специјалната врска меѓу двете земји, но сепак предупреди дека Индија нема да биде поштедена од повисоките царини.
Последната рунда тарифи на републиканскиот претседател ги засили стравувањата од глобална трговска војна. Најавени се царини за увозот на челик и алуминиум од 12 март и царини од 10 насто за стоки од Кина.
Трамп се закани и со тарифи за стоки од Канада и Мексико, но ја одложи одлуката за 30 дена.
