ЕП им препорача на вработените да комуницираат преку Тим, Џабер или Сигнал
Ваквата препорака, како што се наведува во дописот до вработените упатен по електронска пошта, се дава поради зголемените стравувања за безбедноста на онлајн комуникациите и со цел да се овозможи подобра заштита на личните податоци и на кореспонденцијата.

Европскиот парламент упати известување до својот персонал во кое советува за комуникација да се користат алатките Тим на „Мајкрософт“ или Џабер на „Сиско“, а доколку нивното користење не е можно, тогаш се препорачува употреба на Сигнал.
Ваквата препорака, како што се наведува во дописот до вработените упатен по електронска пошта, се дава поради зголемените стравувања за безбедноста на онлајн комуникациите и со цел да се овозможи подобра заштита на личните податоци и на кореспонденцијата.
Дополнително, ЕП своите службеници ги советува и кои чекори треба да ги преземат за да ги заштита своите комуникации, вклучително и користење на ПИН и активирање на функциите за автоматско бришење на пораките по нивното отворање и за овозможување автоматско безбедносно ажурирање.
Дописот, како што наведува „Еурактив“, следува по хакирањата на телекомуникациската инфраструктура ширум САД, кои почнаа кон крајот на 2024 година и сѐ уште траат.
