Свет

Во напад на руски дрон, оштетена куполата над Чернобил

14.02.2025 10:52

Прелиминарните проценки покажуваат дека нивото на радијација останува стабилно, но континуирано се следи за да се спречат понатамошни опасности.

Во напад на руски дрон, оштетена куполата над уништениот реактор во Чернобил изградена за да го заштити светот од радијација. Службите за итни случаи брзо го изгаснале пожарот, а според проценките предизвикана е значителна штета.

Прелиминарните проценки покажуваат дека нивото на радијација останува стабилно, но континуирано се следи за да се спречат понатамошни опасности.

Според украинските власти, нападот претставува сериозна ескалација на војната и значителен ризик за глобалната безбедност.