Во поликлиниката „Бит Пазар“ е отворен нов специјалистички педијатриски пункт
Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на „Бит Пазар“. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант...

Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката „Бит Пазар“ каде е отворен нов, целосно реновиран специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со нов медицински мебел и инвентар, како и со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.
Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на „Бит Пазар“. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант.
За јакнење на дежурните служби на поликлиниката Бит Пазар ќе се отвори нов специјалистички педијатриски пункт што ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа. Ќе се прегледуваат деца под 14 години. Тимот ќе се состои од специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант. Ќе се вршат општ преглед, лабораториски анализи на крв, урина, ЦРП и сè останато што е основно за поставување првична дијагноза и ќе се дава соодветна терапија. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел и инвентар, како и со потребните медицински средства, рече директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје Самир Исени кој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари беше во посета на поликлиниката „Бит Пазар“.
Таравари истакна, ако некој случај е покомплициран, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија.
